Македонија губи со 1:0 на гостувањето во Разград од Бугарија, по првото полувреме, во првото коло од меч во Лигата на нации. Македонските фудбалери имаа повеќе напади, упатија многу повеќе шутеви, но Бугарите се радуваа на погодок.
Се играше 13 минута кога Десподов одигра одлично двојно проигрување со Чочев. Со само две додавања беше исфрлена целата македонска одбрана, а Десподов лесно го матираше Димитриевски. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Bulgaria 1-0 North Macedonia – Kiril Despodov 13′ from soccer
По примениот гол, Македонија заигра многу поофанзивно, нашите фудбалери упатија дури девет удари кон голот на Михаилов од кои само два беа во рамките на голот, но ниту еден не заврши во мрежата на домаќините.