Бугарите сакаат Македонец да им игра во репрезентацијата, може да дебитира против Италија

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Влатко Дробаров е на мета на бугарскиот селектор Јасен Петров. Според пишувањата на бугарските медиуми, централниот дефанзивец на Черно Море е во фокусот на Петров и размислува да го повика да заигра за репрезентацијата на Бугарија.

Дробаров е роден во Скопје и има девет настапи за У19 на Македонија и У21 во нашиот национален тим. Тој има и бугарски пасош, а фактот дека нема дебитирано за сениорскиот национален тим на Македонија, широко му ги отвора вратите да заигра за Бугарија.

Петров кој пред неколку месеци беше назначен за селектор на Бугарија, во следните две недели треба да го открие списокот на фудбалери на кои ќе смета за следните мечеви од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Бугарија на 2 септември ќе гостува кај европскиот првак Италија, потоа на 5 септември дома ќе игра со Литванија, а на 8 е закажан дуелот со Грузија.

 

- Оглас -

Најнови вести