Бугарите се сеќаваат: Пред 29 години Господ беше Бугарин (Видео)

Датумот 17 ноември е со златни букви запишан во фудбалската историја на соседна Бугарија. На овој ден пред точно 29 години, Бугарите ја остварија една од најголемите победи во својата историја.

Се играше последното коло од квалификациите за пласман на Светското првенство во САД во 1994 година, а Бугарија гостуваше на „Паркот на принцовите“ против Франција. На гостите им беше потребна победа за да се изборат за пласман на Светското првенство.

Се играше 90-тата минута, а резултатот беше 1:1. Бугарите ја освоија топката, тргнаа во напад, а Костадинов одлично влезе по десната страна и со прекрасен шут го матираше Бернард Лама.

Со тој гол на Костадинов, Бугарија победи со 2:1, а коментаторот од среќа извикуваше „Господ е Бугарин, Господ е Бугарин“. Погодокот на Костадинов беше само навестување на историскиот успех на Бугарија на Мундијалот во САД, кога тимот предводен од Христо Стоичков стигна до полуфиналето, а на крајот го освои третото место во светот.

 

- Оглас -

Најнови вести