1.8 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Букмејкерите и аналитичарите ни предвидуваат трето место во групата

Квотите во Sport Life и сите други анализи на познавачите на ракометот предвидуваат дека македонската репрезентација нема да се пласира во втората фаза.

Првите две места во групата се „резервирани“ за Данска и за Португалија, Македонија ја гледаат како трета, а последна би требало да биде Романија. Ова треба да биде голем мотив за нашите ракометари да дадат повеќе од 100 проценти од своите сили на клучниот меч со Португалија и да ја изненадат целата јавност и да им покажат на сите дека грешат кога велат дека немаме шанси да одиме во следната рунда.

И симулациите направени на над 50.000 комбинации покажале дека имаме само 8,9 отсто шанси да одиме во следната фаза, а шансите за полуфинале или финале се нула.

Данска е топ фаворит на целото првенство, плус ќе играат дома, и не е баш реално да приредиме чудо во првото коло. Но, со Португалија, со верба во себе и ако имаме ден и максимална поддршка од фановите, би можеле да извлечеме добар резултат, нема да биде првпат да го направиме тоа.

- Оглас -

Најнови вести