Бундеслигашите невообичаено тивки, Лајпциг и Фрајбург ја продолжуваат битката за ЛШ

Битката за позициите кои носат пласман во Лигата на шампионите и во европските купови ќе биде незивесна до последното коло од Бундеслигата откако и Фрајбург и Лајпциг денеска остварија минимални победи, додека Унион Берлин одигра нерешено.

Во невообичаено „тивкото коло“, Лајпциг славеше над Хофенхајм, додека Фрајбург на гостувањето кај Келн. Унион Берлин и Фрајбург се на делба на третата позиција со 56 бода, Лајпцг е петти со 54, а Баер Леверкузен има 48 бода и се уште има шанси да дојде до едно од првите четири места на табелата.

Голот за триумф на Лајпциг го постигна Кристофер Нкунку во 28-та минута, а бодовите за Фрајбург на гостувањето кај Келн, ги обезбеди Доан со голот во 54-та минута.
Штутгарт оствари важна победа од 2:1 над Борусија Менхенгладбах во битката за опстанок.

Швабите сега се 15-ти на табелата со 28 бода, колку што има и Бохум кој е 16-ти и се наоѓа на позицијата која води во баражот за опстанок. Гураси и Кулибали ги постигнаа головите за Штутгарт, додека Вајгл беше стрелец за Борусија Менхенгладбах. Ајнтрахт и Аугсбург одиграа без победник 1:1.

- Оглас -

Најнови вести