Бундеслигата воведува новитети околу ВАР, и тоа на радост на навивачите на трибините

Бундеслигата планира во 2024 година да направи мала револуција кога станува збор за ВАР која ќе ги израдува фановите.

Имено, на почетокот од идната година во Германија ќе се воведе апликација за ВАР за гледачите кои ќе бидат на стадионите и со која ќе можат да ги прегледуваат истите спорни моменти кои ги гледаат судиите во ВАР-собата.

„Целта е навивачите на трибините и навивачите пред ТВ-екраните да ги гледаат истите снимки кои ги гледаат судиите во ВАР-собата. Навивачот на трибините мора да има идентичен третман како и тој пред ТВ-екраните. Почетната фаза околу апликацијата е завршена и сега се наоѓаме во фаза на планирање“, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Германија.

- Оглас -

Најнови вести