Германија и Шпанија во реприза ќе даваат повеќе голови

Бурунди – Гвинеа (Афкон, 18 часот)

Гвинеа мора да победи против аутсајдерот Бурунди ако сака да игра во осминафиналето на Африканскиот куп на Нации, а има квалитет за пласман во нокаут фазата.

Играчот на Ливерпул Наби Кеита е главната алка на Гвинеа, но тој има мака со повредите и не ги одигра комплетно двата претходни дуели на Афкон, што е голем проблем за репрезентацијата. Ако биде подготвен и одигра како што знае, Гвинеа може да го победи Бурунди. Гвинеа има уште неколку познати играчи што настапуваат во силни европски клубови, пред се Ибрахима Траоре од Борусија Менхенгладбах, потоа и Камано од Бордо, Сисе од Фулам, Камара, кој игра за Наполи…

Бурунди има поскромна репрезентација, ги загуби двата меча со по 0:1, од Нигерија и Мадагаскар, а прва ѕвезда им е Саидо Берахино, голем талент што не напредува како што се очекуваше во Англија.

Фаворит за победа е Гвинеа и ќе типуваме дека ќе ги освојат бодовите за осминафинале.

Предлог тип: 2 (1.62)

 

Шпанија У-21 – Германија У-21 (Финале на младинско ЕП, 20.45 часот)

Двете репрезентации повторно ќе играат меѓусебе за титулата младински првак на Европа, исто како и во Полска пред две години. И тогаш, како и сега Шпанците беа фаворити, но Германија победи со 1:0 и ја освои круната.

Црвената фурија на гол-разлика се протна во полуфиналето, но потоа ја декласира силната Франција со 4:1 и има три победи по ред со гол-разлика 11:2, по стартниот пораз од домаќинот Италија.

Повторно во составот им се Ојарзабал и Себалјос, двајца играчи кои настапија и на претходното ЕП. Тогаш Себалјос беше прогласен и за МВП на турнирот, но Германија ја освои повредната награда, титулата европски првак.

Елфот комплетно го смени составот од претходниот шампионат, но стандардот, атак на титулата остана и полека, но сигурно и се остварува.

Германците немаат пораз на турнирот, со три победи и реми имаат гол-разлика од 14:5 и се вистинска машинерија за голови. Го имаат и најдобриот голгетер на ЕП Џанлука Валдшмит од Фрајбург, а тој денеска го брка рекордот на Маркус Берг. Досега тој и Швеѓанецот се најефикасни во историјата на ЕП, со по 7 голови на турнир, па ако 23-годишниот шпиц на Фрајбург ја затресе мрежата на Сивера ќе биде број 1 стрелец на младинските првенства.

И двете селекции досега играа суперефикасно, па очекуваме голови и во финалето во Удине.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.05) Квота на денот на Sport Life

 

Уганда – Египет (Афкон, 21 часот)

Домаќинот Египет засега го исполнува планот и со две победи веќе е осминафиналист на патот кон главната цел, сома титула во Африка.

Уганда изненади со две добри претстави против ДР Конго и Зимбаве и без пораз со речиси сигурен пласман во нокаут фазата ќе му излезе на мегдан на фаворитот во А групата.

Французинот Себастиен Десабре има многу добро вкомпониран состав со играчи кои не се многу познати, но играат цврсто, ефектно и досега собраа 4 бода. Главни ѕвезди им се фудбалерот на Горица Фарук Мија и напаѓачот Емануел Окви, а сега за нив ќе биде вистинскиот тест за можностите.

Двете селекции заедно ќе одат во осминафиналето, па може да се очекува ефикасен меч, иако последните три меѓусебни дуели им завршија со резултат 1:0, двапати за Египет и еднаш за Уганда.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.20) Квота на денот на Sport Life

 

Зимбабве – ДР Конго (Афкон, 21 часот)

Зимбабве со победа во последното коло по групи има голема шанса да се најде во следната фаза на Африканскиот куп на Нации, а Демократска Република Конго и со евентуален триумф вечерва може да испадне.

Од ДР Конго се очекуваше многу повеќе на турнирот, а имињата како Бакамбу, Боласи, Болинги… ветуваа подобри игри. Имаат два порази од по 0:2 и многу мали шанси за да фатат приклучок како една од четирите најдобри третопласирани селекции од сите групи што ќе одат во осминафиналето.

Зимбабве досега покажа повеќе и ќе типуваме дека ќе го победи денешниот ривал.

Предлог тип: 1 (2.90)

 

САД – Курасао (Голд куп четвртфинале, 02 часот)

Втората најтрофејна нација на Голд купот со шест титули, селекцијата на САД е апсолутен фаворит за триумф против едно од двете најголеми изненадувања на турнирот.

Од Курасао не се очекуваше да ја минат групата во конкуренција на Јамајка, Хиндурас и Салвадор, но тие приредија подвиг и завршија на второто место. Ја прикнижија и првата победа откако учествуваа на Голд купот, но се чини САД се преголем залак за нов подвиг.

Американците се домаќини, во фазата по групи не примија ниту еден гол, трипати победија и имаат импресивна гол-разлика од 11:0.

За нив мечот со Курасао би требало да биде само загревање за главното, за полуфинале против Јамајка, или Панама, а целта им е победнички да го завршат турнирот и да се израмнат со седумкратниот првак на Голд купот, Мексико, на врвот на листата со најтрофејни нации

Предлог тип: Т1 1+I& Т1 3+ (2.05) Квота на денот на Sport Life

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести