Бускетс со крајно неспортски потег прекина акција на Кадис и ја спаси Барса од можен пораз (Видео)

Додека екипата на Кадис го имаше својот последен напад на синоќешниот меч против Барселона, на теренот имаше две топки, а Серхио Бускетс реши да го спаси својот тим од можно примање гол со тоа што едната, онаа „пасивна“ топка намерно ја шутна кон фудбалерот на Кадис, кај кого беше другата топка со која течеше акцијата.

Судијата мораше да го прекине нападот, а на Бускетс за овој потег, кој е далеку од коректен и ферплеј, му даде жолт картон. Оваа ситуација го разлути тренерот Роналд Куман, па тој за расправиите со судиите доби црвен картон.

https://twitter.com/i/status/1441159965310431236

 

- Оглас -

Најнови вести