Бутел верува во чудо, коефициентот за победа над Австријците е одличен

Ракометарите на Бутел во СРЦ „Борис Трајковски“ од 18:45 часот ќе играат против Алпла Хард од Австрија, во реванш-мечот од второто квалификациско коло во Европската ракометна лига.

Гостите од Австрија во првиот меч победија со 26:21, што значи дека во Скопје доаѓаат со предност од пет гола, што е одлична залиха. Алпла Хард во првото квалификациско коло го елиминира вториот тим на Еурофарм Пелистер, што значи дека мотивот на Бутел е уште поголем, односно да се обидат да ја одбранат честа на македонскиот ракомет.

Сепак, според коефициентите, гостите се фаворити за триумф, но за оние симпатизери кои веруваат дека Бутел може денеска да победи, коефициентот за „кец“ е одличен и изнесува 2.80.

Освен овој меч во Скопје, денеска се играат уште 11 дуели во оваа фаза од квалификациите во Европската ракометна лига.

- Оглас -

Најнови вести