Екипата на ГРК Охрид е новиот шампион на ЕХФ Европскиот првак. Во големото финале, македонскиот тим двапати славеше над Татабања од Унгарија. Синоќа во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, домашниот тим славеше со 31:25 и тоа беше знак за испишување на клупска историја и добредојде на првиот европски пехар во клупските витрини.
Од сите страни пристигнуваат честитки за овој успех на Охрид, а утрово и Европската ракометна федерација (ЕХФ) имаше специјална порака до македонскиот тим.
„Добро утро од новиот шампион. Не е сон!“
По повод освоениот трофеј денеска ќе биде организирана голема прослава во Охрид

