Јужнокорејците ги загубија двата натпревари во првите две кола на ракометниот Мундијал во Полска и Шведска, но играат атрактивно и против Исланд во последното коло ќе бараат пласман во вториот круг.
Денеска беа поразени од Португалија со 24:32, но ја изведоа најубавата акција на мечот, па можеби и на денот.
Голманот Донгук Ким кој изгледа како да има 10-15 килограми вишок одлично одбрани и фати жива топка и од седечка позиција отвори напад, а контрата што ја изведоа Корејците беше блескава и како од учебник, со гол од зицер позиција.
https://twitter.com/ihf_info/status/1614345391478132738?s=20&t=ld2GNDaCq8sOd5i5GKPu_A