Неверојатната серија на Баер Леверкузен од 51 натпревар без пораз заврши во најлош можен момент, односно во финалето од Лигата на Европа. Аталанта буквално го растури новиот германски шампион со 3-0, а тренерот на „фармацевтите“, Чаби Алонсо, после натпреварот го призна поразот.
„Не планиравме баш денес да имаме лош ден, едноставно не ни беше судено да дојдеме до трофејот. Не успеавме да реализираме некое работи кои ги планиравме. Ситуациите еден на еден, дуелите … Немавме топки во вистинско време за да ги искористиме шансите. Тие тоа го правеа одлично. На серијата без пораз ѝ дојде крајот, честитки за Аталанта, заслужено победија. Не се работеше за тактиката. Индивидуелно беа подобри, но и тимски. Мора да учиме од овој пораз. Болно е што ова ни се случи баш во финале, но во сабота играме ново финале и мора да извлечеме поука.“ – рече тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, после загубеното финале од Аталанта.