Струга ТЛ доби шанса да се вмеша и во трката за второто место (Фото)

Фудбалерите на Струга Трим Лум имаат императив за победа на денешниот меч против Брера на домашен терен, откако добија шанса да се вмешаат и во трката за второто место на табелата, кое води кон излез во Европа. Ова откако Шкендија во петокот одигра само 1-1 на гостувањето против Силекс во Кратово.

Струга ТЛ има шест бода помалку од Шкендија на третата позиција, но со евентуална денешна победа ќе се доближи на три негатива, а во следното коло се игра токму дербито меѓу Шкендија и Струга во Тетово.

Оттаму е јасно дека стружани имаат големи мотиви денеска да ја совладаат Брера, што покажува и квотата за ниен триумф.

Во Кавадарци, Тиквеш ќе го пречека Арсими и со триумф сака да стави крај на негативната низа во последните неколку кола.

- Оглас -

Најнови вести