Чаби Алонсо само по седум месеци на клупата на Реал Мадрид доби отказ откако загуби во финалето на шпанскиот Супер куп против Барселона. Шпанецот си заминува без да освои трофеј со Кралевите, но со милиони на трансакциската сметка.
Според шпанските медиуми, Чаби Алонсо за отказот ќе добие обесштетување во висина од 15 милиони евра, односно комплетно ќе му биде исплатен договорот.
Шпанецот го водеше Реал Мадрид на 34 натпревари, забележа 24 победи, четири нерешени и шест порази. Во периодот во кој ги водеше Кралевите имаше само две шанси за трофеј, но загуби во полуфиналето на Светското клупско првенство, како и во финалето од шпанскиот Супер куп.
Реал Мадрид во моментов има заостанување од четири бода позади Барселона.

