Актуелниот тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, кој е главен фаворит да го наследни Јирген Клоп на клупата на Ливерпул, уште почна да работи против најголемиот ривал на Црвените, Манчестер јунајтед.
Баер Леверкузен, кој изминатиот викенд го совлада Баерн Минхен со 3:0 и направи голем исчекор кон освојување на титулата во Бундеслигата, има неколку фудбалери кои се на радарот на европските гиганти, а меѓу нив е и Манчестер јунајтед.
Англиските и германските медиуми пишуваат дека Чаби Алонсо ќе ги блокира двата трансфера на играчи на Баер во Манчестер јунајтед.
Тој не сака Џереми Фримпонг и Едмонд Тапсоба да потпишат за Манчестер јунајтед, кој е подготвен да плати околу 100 милиони евра за двајцата фудбалери.