Звучниот шпански тандем Карлос Алкараз и Рафаел Надал не успеа да дојде во можност да се бори за медал во игра на двојки на Олимписките игри во Париз. За ветеранот Надал тоа е и дефинитивен крај на ЛОИ, додека Алкараз сѐ уште има шанси за медал во поединечна конкуренција.
Шпанците беа поразени во два сета од американската двојка Остин Крајичек и Раџив Рам во четвртфиналната пресметка на турнирот.
Американците, кои се рангирани како четврти носители, го добија првиот сет со 6-2, а продолжија со одлична игра и во вториот. Го комплетираа мечот добивајќи го вториот сет со 6-4 во гемови.