Часови се во прашање: „Олд трафорд“ е подготвен за големото засилување

Се чини дека Манчестер јунајтед конечно ќе го оствари првиот летен трансфер. Повеќе странски медиуми тврдат дека преговорите со Барселона вродија со плод, па Френки де Јонг наскоро ќе пристигне на „Олд трафорд“.

Црвените ѓаволи издвојуваат 80 милиони евра, а околу пет милиони евра ќе се исплатат дополнително во бонуси. Холанскиот играч за врска досега правеше проблеми одбивајќи преселба на Островот, па сега новата задача на 20-кратниот англиски првак е да изготви договор со кој ќе го придобие де Јонг.

Ерик Тен Хаг настојуваше токму Де Јонг да биде првото големо засилување на Јунајтед во неговата ера, ако се знае дека двајцата успешно соработуваа во Ајакс.

- Оглас -

Најнови вести