Часовникот на сопругата го издаде фудбалерот на Порто

Колумбискиот фудбалер Матеус Урибе беше парично казнет од неговиот клуб Порто поради тоа што на роденденот на жена му останал подолго отколку што му било дозволено од клубот. Интересно е што во Порто за прекршувањето на договорот од страна на Урибе дознале од клипови и фотографии на социјалните мрежи.

„Жал ми е, се извинувам. Само тоа можам да го кажам. Барам од сите да имаат разбирање и да објавуваат информации кои се точни. На мојата сопруга ѝ беше роденден, имавме прослава во петокот со луѓе кои ни се блиски. На полноќ, другите играчи на Порто си заминаа, а јас отидов да се одморам, но забавата продолжи во дворот, затоа велат дека сум останал до 5 часот наутро. Тоа е лага. А, следниот ден немавме ниту тренинг, ниту натпревар. Моето семејство знае дека физичката состојба ми е приоритет и секогаш сум бил професионален“, напиша Урибе на „Инстаграм“.

Но, една слика на Урибе со сопругата Синди Алварес Гарсија,ж покажува дека тие двајца биле заедно 20 минути по полноќ и не е точно дека тој си легнал на полноќ. Од Порто, фудбалерите имале наредба да си легнат во 23 часот. Не само тоа, туку и на клипови се гледало дека играчите се забавуваат и тоа било во 5 часот наутро.

- Оглас -

Најнови вести