Чави: Разочаран сум, Дембеле не знаеше ни да ми објасни зошто сака да си оди

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес, не го крие своето разочарување од барањето за трансфер на Осман Дембеле кој е пред преселба во Пари Сен Жермен.

Крилото беше еден од најважните играчи на Барса во минатата сезона, затоа и Чави е непријатно изненаден што Французинот реши да си оди.

„Разочаран сум. Дембеле ми кажа дека сака да си оди. Не можеме да му понудиме колку што му дава ПСЖ. Пробав да го премислам, но ми рече дека веќе се договорил со Ал Келаифи и Луис Енрике. Го прашав зошто сака да си оди, не знаеше да ми одговори. Мислам дека е нешто лично. Со среќа нека му е“ – изјави Чави.

Инаку, Дембеле и во минатото имаше чуден однос кон Каталонците, никој во Барса не знаеше дека се оженил, никого од нив немаше покането на свадба. А, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во минатото даваше изјави дека кога е здрав, Дембеле е подобар од Килијан Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести