Чеферин е сигурен дека Манчестер сити ги има прекршено правилата

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, е уверен дека Манчестер сити ќе биде виновен во случајот со прекршување на финансиските правила. Англискиот премиерлигаш е обвинет за кршење дури на 115 финансиски правила.

Сити првично беше обвинет од УЕФА и доби двегодишна забрана за настап на УЕФА натпреварувањата. Сепак, поради технички причини оваа казна не беше реализирана.

„Цели 25 години бев адвокат и знам дека некогаш може и да загубите случај за којшто сте уверени дека ќе го добиете, но имало и обратни случаи. Затоа не сакам да го коментирам случајот во Англија, но сигурен сум дека одлуката на нашето независно тело беше исправна. Секако дека ја разбирам фрустрацијата на навивачите кои сакаат да знаат што се случува“, вели Чеферин.

Првиот човек на УЕФА објасни дека голем дел од тогашните обвиненија не биле правилно утврдени и им бил истечен рокот. Премиер лигата сега не треба да ја направи истата грешка, тие имаат и поголем број обвиненија, а Чеферин не сака да претпоставува дали доколку Сити биде прогласен за виновен, може да остане без дел од титулите во Премиер лигата.

Судењето за неправилностите на Сити во Англија можно е да биде дури следната година.

- Оглас -

Најнови вести