Поранешен играч на Бешикташ и екс нигериски репрезентативец почина за време на натпревар

Фудбалскиот свет е шокиран од ненадејната смрт на Мајкл Енерамо. Поранешниот нигериски репрезентативец почина во петокот на 40-годишна возраст откако се онесвестил на теренот за време на пријателски натпревар. Првичните извештаи од Нигериската фудбалска федерација се дека веројатна причина за фаталниот инцидент е срцев удар.

Енерамо на кој прекарот му беше „Тенк“, го одигра целото прво полувреме од натпреварот, но се сруши само пет минути по почетокот на второто полувреме.

Во својата кариера, Енерамо одигра 10 натпревари и постигна 3 гола за нигериската репрезентација во периодот од 2009 до 2011 година. Едниот гол, против Тунис во квалификациите за СП 2010, беше клучен за Нигерија да се пласира на првенството, но Енерамо не беше во составот на Орлите на тој Мундијал.

На клупско ниво, тој беше добро познато име во Турција, каде што играше за Сиваспор, Бешикташ, Карабукспор, Истанбул Башакшехир и Маниса.

- Оглас -

Најнови вести