Чешката тенисерка Барбора Крејчикова приреди ново изненадување и се пласира во финалето на Вимблдон во женска конкуренција, каде што за противничка ќе ја има Италијанката Јасмин Паолини.
Во денешното полуфинале, 31-вата носителка Крејчикова беше подобра од четвртата фаворитка Елена Рибакина со 3-6, 6-3, 6-4. Рибакина пред две години го освои Вимблдон и засега ќе остане со таа една титула во Лондон.
Крејчикова во кариерата има една гранслем-титула, го освои „Ролан Гарос“ во 2021 година.