Фабијан Руиз вечерва на 46-тиот свој настап го постигна својот прв гол во Лигата на шампионите, тоа го стори на мајсторски начин, со прекрасен волеј му донесе предност на ПСЖ против Арсенал.
По првото полувреме во Париз е 1-0, ПСЖ има предност од 2-0 во двомечот и Арсенал мора да даде два гола (и притоа без да прими уште некој) во вториот дел за да се избори за продолженија.
Руиз е вкупно 191-виот Шпанец што постигнал гол во ЛШ, а за првиот гол повеќе од него чекал само Карлес Пујол, кој дебитантскиот погодок во ЛШ го имаше на 58-миот меч.