Челичниот Хојбјерг сакаше да игра и повреден, Мурињо не му дозволи (Видео)

Пјер-Емил Хојберг избегна потешка повреда на дуелот меѓу Тотенхем и Брентфорд, вчера во првото полуфинале на Лига купот во Англија, а Данецот иако беше крвав и со видлива повреда на потколеницата не сакаше да се откаже.

По стартот на Џош Да Силва, за кој играчот на Брентфорд доби црвен картон, Хојбјерг мораше надвот од терен за да му биде укажана помош и потоа се обиде да се врати во игра, но Жозе Мурињо го спречи.

Хојбјерг мораше да замине во соблекувалната, иако не му беше сеедно по одлуката на Специјалниот да го замени во 86. минута.

https://twitter.com/N17xelle/status/1346571947392573447?s=20

Тотенхем победи со 2:0 и во финалето го чека подобриот од дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Манчестер сити што ќе се игра вечерва на „Олд Трафорд“ од 20.45 часот.

Популарните Спарс чекаат пехар во било кое натпреварување во Англија од 2008 година.

 

- Оглас -

Најнови вести