Челниците на клубот сакаат да го купат Милинковиќ-Савиќ, а тренерот е голем противник на таа идеја

Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ во наредните преодни рокови би можело да се пресели во Премиер лигата и кариерата да ја продолжи во Арсенал иако тренерот Микел Артета е противник на оваа идеја.

Челниците на Арсенал се подготвени да направат сè што е потребно за да го донесат Милинковиќ-Савиќ бидејќи сметаат дека со него ќе успеат да ја добијат битката за титулата во Премиер лигата со останатите конкуренти.

Арсенал е лидер на табелата со 28 бода од 11 натпревари, додека Манчестер сити е втор со два бода помалку.

Италијанските медиуми пишуваат дека Арсенал е подготвен да плати 60 милиони евра плус во Лацио да го испратат Самби Локонга, чија вредност се проценува на 14 милиони евра.

Но, проблем за челнците на Топчиите претставува податокот дека тренерот Микел Артета е против овој трансфер.

- Оглас -

Најнови вести