Челси имаше два гола предност и играч повеќе, но во полуфиналето на ФА купот се пласира со голови дадени во судиското продолжение (Видео)

Челси е третиот полуфиналист во ФА купот откако во супер интересен натпревар на „Стемфорд бриџ“ го совлада Лестер со 3:2.

Голот кој ги однесе Сините меѓу четирите најдобри во најстарото англиско натпреварување беше постигнат во судиското продолжение, иако претходно имаа два гола предност, а во вториот дел играа и со играч повеќе.

 

Челси по првото полувреме имаше водство од 2:0 благодарение на головите на Марк Кукуреља во 13-тата и на Кол Палмер во 45-тата минута. Предноста можеше да биде поубедлива доколку Рахим Стерлинг го реализираше ударот од белата точка.

Но, во вториот дел, сликата на „Стемфорд бриџ“ беше сосема поинаква. Второто полувреме започна со автоголот на Дисаси во 51-та минута. Само 11 минути подоцна Стефи Мавидиди ги шокира навивачите на Сините израмнувајќи на 2:2.

Фудбалерите на Челси по примениот гол фрлија се на една карта, на нападот, а работата им беше олеснеста по исклучувањето на Дојл но 73-тата минута, но не успеаја да најдат начин да ја затресат мрежата на Лестер, се до судиското продолжение.

Во последните моменти од мечот, Челси конечно успеа да ја искористи пресноста од играч повеќе и да постигне два гола преку Чуквуемека и Мадуеке за триумф од 4:2.

Покрај Челси, пласман во полуфиналето обезбедија и Манчестер сити кој со 2:0 го совлада Њукасл и Ковентри кој славеше со 3:2 над Вулверхамптон.

- Оглас -

Најнови вести