Челзи му го нуди „моторот“ во средниот ред на Арсенал

Францускиот репрезентативец Н`Голо Канте во зимскиот преоден рок би можело да го напушти Челзи, но не би заминал од Лондон бидејќи Сините го нудат на лидерот во Премиер лигата, Арсенал.

Канте сезонава одигра само два натпревари за Челзи, по што повторно се повреди, а управата на Сините нема намера да му понуди нов повеќегодишен договор идното лето.

Политиката на Челзи е на сите фудбалери постари од 30 години да им нуди само едногодишни договори, додека 31-годишниот Канте сака подолг договор.

Англиските медиуми веќе пишуваат дека Челзи му го понудил Канте на Арсенал и го чека одговорот од Топчиите.

- Оглас -

Најнови вести