Челзи е прв финалист, сега го чека подобриот од Ливерпул – Арсенал

Екипата на Челзи се пласира во финалето на Лига купот откако по вторпат за една недела го победи градскиот ривал Тотенхем. Во првиот меч Челзи победи со 2:0, а вечерва во реваншот на гости славеше со 1:0 и со вкупни 3:0 се најде во финалето.

Дефанзивецот Антонио Рудигер беше стрелец на единствениот гол во 18-тата минута и уште во раната фаза од мечот ги сруши надежите на домаќините дека може да ја достигнат негативата од првите 90 минути.

Во финалето на Купот, Челзи ќе го чека подобриот од двомечот меѓу Ливерпул и Арсенал. Овие два тима првиот меч ќе го играат утре, а вториот финалист ќе се знае по реваншот што треба да се одигра на 20 јануари.

Челзи сезонава веќе освои еден трофеј, и тоа во Суперкупот на Европа, кога на пенали славеше над Вилјареал.

- Оглас -

Најнови вести