Екипите на Челзи и Наполи и официјално се договорија за трансферот на белгискиот репрезентативец, Ромалу Лукаку. Тој ќе се пресели во Неапол за 30 милиони евра, а договорот ќе му биде во времетраење од три години. Ќе заработува по 12 милиони евра по сезона.
За Лукаку ова ќе биде четвртипат да игра во Серија А, откако од 2019-тата до 2021-вата беше од Интер, а во Милано беше и како позајмен во сезоната 2022/2023. Минатата сезона ја мина како позајмен во Рома. Наполи во Лукаку гледа замена за Виктор Осимен, за кого има голем интерес.
Ова значи дека Челзи вторпат го продава Лукаку, откако во 2014-тата го продадоа на Евертон за 35 милиони евра, додека претходно беше купен за само 13 милиони евра од Андерлехт. Сепак, „сините“ од Лондон големиот кикс со белгискиот интернационалец го направија во 2021-вата година кога го платија неверојатни 113 милиони евра на Интер.
31-годишниот Лукаку потекнува од екипата на Андерлехт, а во својата кариера настапуваше и за Челзи, ВБА, Евертон, Манчестер јунајтед, Интер и Рома.