Челзи го продава Жиру за ситно

Челзи одлучи да го прораде незадоволниот Оливие Жиру во јануарскиот преоден рок поставувајќи цена за неговите услуги само од пет милиони евра. Целта е да се заработи колку-толку бидејќи Жиру во јули 2020 година ќе биде слободен играч откако ќе му истече договорот.

Сепак, светскиот првак не сака да го дочека финишот на сезоната седејќи на клупа, па затоа трансфер е единствена опција. Лампард има потполна доверба во едно од неговите откритија Тами Абрахам, а младиот англиски напаѓач засега ја оправдува со своите 10 погодоци на 12 меча во Премиер лигата. Жиру одигра само 150 минути од вкупно 12 првенствени натпревари сезонава, а настапи во четири меча, од кои само во еден беше стартер, притоа без никаков учинок.

Ексфудбалерот на Арсенал наводно има прилика да се врати во родната земја, а Ница, Марсеј и Бордо се екипите кои најмногу покажуваат интерес, но исто така се шпекулира дека и Антонио Конте размислува повторно да соработука со Французинот, знаејќи дека италијанскиот стратег го доведе Жиру на „Стемфорд бриџ“ во јануари 2018 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести