Челзи и Барселона ни одблиску не се завршени со трансферите летово, неколку „бомби“ во најава

Челзи до крајот на преодниот рок може да доведе уште четворица фудбалери за кои платил околу 250 милиони евра. Двајца од нив играат за Барселона, тоа се Френки де Јонг и Пјер-Емерик Обамејанг, а еден има од Лестер (Фофана) и еден од Евертон (Гордон).

Ако успее да ги донесе сите, стартниот состав на Сините од Лондон отприлика би изгледал вака:

Барселона се изнакупува нови играчи со цел да се задоволат барањата на тренерот Чави. Неисполнета желба му остана Аспиликуета, но од Челзи може да го донесе Маркос Алонсо. Каталонците планираат да купат и десен бек, а на листата на желби им е и Бернардо Силва.

Пари за Бернардо би имале само ако ги продадат Де Јонг и Обамејанг. Чави не сака Обамејанг да си оди, од напаѓачите би се разделил само со Мемфис Депај. Еве како Чави си ја замислуваше Барса за следната сезона и речиси ја има на располагање:

- Оглас -

Најнови вести