Челзи игра финале на СКП а Лукаку најави заминување со една објава (ФОТО)

Ромелу Лукаку веќе со месеци се обидува да издејствува заминување од Челзи, поради несогласувањата со тренерот Томас Тухел.

Иако предводникот на Челзи во неколку наврати изјави дека проблемите се разрешени, изгледа дека тоа не е точно.

И додека тимот се подготвува за финалето против Палмеираш (17:30 часот) во Светското Клупско првенство, напаѓачот објави „стори“ на Инстаграм, кое го споделил само со најблиските луѓе каде што пишува „Ако мора да се употреби сила, тогаш веројатно тоа не одговара таму“.

Англичаните велат дека ова е уште еден обид од Лукаку да му се дозволи во наредниот трансфер период да обезбеди трансфер во друг клуб.

- Оглас -

Најнови вести