Фудбалерите на Челзи испуштија победа над Лидс пред своја публика и на крајот мора да се задоволат со реми, 2-2.
„Сините“ имаа сигурно водство од 2-0 се до 67-мата минута, но тога гостите со два гола од два шута спасија бод на „Стемфорд Бриџ“.
Челзи поведе преку Жоао Педро во 24-тата минута, а Кол Палмер од пенал зголеми на 2-0 во 58-мата минута.
Нмеча во 67-мата од пенал намали на 2-1, а Ноа Окафор во 73-тата минута израмни на 2-2, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

