Челзи ја одби понудата на Наполи за позајмица на Лукаку, но преговорите за трансфер продолжуваат

Раководството на Челзи ја одби и најновата понуда од Наполи за напаѓачот Ромелу Лукаку, информираат италијанските медиуми. Понудата беше за едногодишна позајмица во вредност од пет милиони евра, плус опција за задолжително откупување на Белгиецот за уште 25 милиони евра.


Сепак, лондончани инсистираат на перманентен трансфер веднаш и бараат минимум 35 милиони евра. Инаку, отштетната клаузула во договорот на Лукаку изнесува 35 милиони фунти, односно околу 43 милиони евра.

Преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат, а спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана, е во Лондон, во обид да ја финализира зделката. Очекувањата се дека Партенопеите ќе ја зголемат својата понуда и ќе се согласат на постојан трансфер.

- Оглас -

Најнови вести