Раководството на Челзи и дефинитивно одлучи да го стави на продажба белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку. Тој во 2021 година беше купен од Интер за 113 милиони евра, но само по една сезона беше вратен на позајмица во Интер, а изминатата сезона беше дел од Рома.
Одличниот напаѓач не се снајде баш најдобро во Премиер лигата, а дополнително иритираше со изјавите дека му било подобро да игра во Италија. Интер за позајмицата плати 7,68 милиони евра, додека Рома мина малку подобро и плати „само“ 5,8 милиони евра. Кога на овие суми ќе се додаде обесштетувањето кое го одреди Челзи од 45 милиони евра, вкупната сума повторно е далеку од платените 113 милиони евра. Сепак, прашање е дали воопшто „сините“ може да добијат толкава сума бидејќи моменталната вредност на Лукаку е 30 милиони евра.
Предност за ангажман на Ромалу Лукаку во моментов има екипата на Наполи, на која ќе ѝ биде понуден фудбалерот како дел од трансферот на Виктор Осимен, за кого има голема желба за ангажман кај раководството на Челзи, а претседателот на поранешниот шампион на Италија, Аурелио де Лаурентис, за неговите услуги бара 120 милиони евра.