Челзи успеа да стави крај на лошата низа без победа на последните меча и на „Стемфорд бриџ“ славеше против Вулверхемптон со 3-1. По овој триумф, тимот на Енцо Мареска се наоѓа на четвртата позиција со 40 бода, десет помалку од лидерот Ливерпул.
Тосин Адарабиојо го постигна водечкиот гол за Челси, но израмни Мет Доерти во последните мигови од првиот дел.
Во второто полувреме, Марк Кукуреља повторно обезбеди предност за Челзи со погодокот во 60-та минута, а пет минути подоцна Нони Мадуеке со уште еден гол го потврди триумфот.