-2.2 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

Челзи и Манчестер јунајтед ќе победат, Арсенал ќе стави крај на серијата на Астон вила (Фото)

1009 Челзи – Борнмут (20:30)

Челзи по шокантниот пораз од Астон вила на домашен терен ќе мора да се „вади“ против незгодниот Борнмут пред своите гледачи. Раководството на Сините му постави ултиматум на Енцо Мареска, па Челзи ќе мора да победи. И традицијата е на нивна страна бидејќи против Борнмут немаат пораз од 2019 година или девет натпревари по ред.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.74)

 

1162 Барнли – Њукасл (20:30)

Барнли и Њукасл се во долниот дел од премиерлигашката табела, па предлогот за нивниот меѓусебен дуел е да се одигра на голови. Очекувањата се дека ќе има голови и во двете полувремиња, и тоа помеѓу еден и три, а во Sport Life ќе добиете одлична квота за оваа игра.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.91)

 

1163 Манчестер јунајтед – Вулверхемптон (21:15)

Манчестер јунајтед пред својата публика го пречекува „фенерџијата“ во Премиер лигата, Вулверхемптон, и сè освен лесна и убедлива победа за избраниците на Рубен Аморим ќе биде големо изненадување. Гостите се единствената екипа која сè уште нема победа оваа сезона, а одиграа само две нерешени средби и веќе може да се подготвуваат за настап во понизок ранг од следната сезона.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.55)

 

1164 Арсенал – Астон вила (21:15)

Дербито на колото во Премиер лигата се игра во Лондон, каде што Арсенал ја пречекува Астон вила. Гостите имаат 11 победи по ред во сите натпреварувања, од кои осум во Премиер лигата и заостануваат само три бода од лидерот, но Топчиите вечерва треба да стават крај на таа серија.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.24)

 

1161 Нотингам форест – Евертон (20:30)

Нотингам форест и Еверетон се во втората половина од табелата во Премиер лигата и далеку од врвот и борбата за Европа. Очекувањата се дека двете екипи ќе одиграат тврд меч, а првиот гол ќе биде постигнат по 30-тата минута, за што квотата е одлична.

Предлог тип: 30-90 мин (2.16)

 

- Оглас -

Најнови вести