Челзи не ги сакаше, а сега овие двајца напаѓачи имаат двојно повеќе погодоци од Лукаку и Вернер

Оливие Жиру и Тами Абрахам беа двајцата фудбалери кои пред почетокот на сезоната беа продадени од Челзи. Челниците на англискиот тим сметаа дека Жиру и Абрахам не се доволно добир за да играат во лондонскиот тим, па едниот замина во Милан, а другиот во Рома.

Сега во Челзи не направиле добра проценка се покажува по само неколку месеци од тие трансфери. Жиру и Абрахам вечерва играа еден против друг, а и двајцата постигнаа по еден гол. На крајот Жиру со Милан се радуваше на победа против Рома на Абрахам.

Жиру стигна до пет погодоци во Серија А, а Абрахам по седми пат се запиша во листата на стрелци во италијанското првенство. Тоа значи дека овие двајца, вкупно имаат 12 првенствени погодоци.

За разлика од Жиру и Абрахам, напаѓачкиот двоец на Челзи, Ромелу Лукаку и Тимо Вернер досега сезонава во Премиер лигата вкупно постигнаа само шест голови. Лукаку погоди пет пати, а Вернер само еднаш, што значи дека се двојно понеефикасни од двајцата напаѓачи кои си заминаа од „Стемфорд Бриџ“.

- Оглас -

Најнови вести