Челзи одби пакет-понуда за Канте со која можеше да добие ексиграч на Тотенхем

Челзи ја одби пакет-понудата „кеш плус играч“ од Интер за услугите на Н’голо Канте. Сините не сакаат размена со играчи, па ниту Марсело Брозовиќ, а и Кристијан Ериксен, ексфудбалерот на градскиот ривал Тотенхем, не се доволни за лондонскиот клуб да се откаже од одличниот француски играч за врска.

Антонио Конте запна да го доведе Канте на „Џузепе Меаца“, кој му беше клучна алка во освојувањето на титулата во Англија додека беше на кормилото на Челзи, меѓутоа неговата цена од 60 милиони евра е превисока за Нераѕурите.

Челзи ќе го продаде Канте само за пристојна понуда со цел да продолжи со шопингот во овој преоден рок, во кој потроши над 200 милиони фунти. Во меѓувреме, Интер најде прилично поевтина алтернатива во Жан-Мишел Сери, членот на Фулам, кого би го довеле на едногодишна позајмица.

- Оглас -

Најнови вести