39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Челзи потврди дека го продолжи договорот со напаѓачот

Англискиот премиерлигаш Челзи официјално се пофали дека потпиша нов договор со напаѓачот Оливие Жиру. Францускиот репрезентативец се покажа како еден од клучните играчи во составот на Франк Лампард, па затоа ја продолжи соработката на уште една сезона со тимот од „Стемфорд бриџ“.

„Среќен сум што продолжувам во Челзи. Едвај чекам повторно да го облечам дресот и да се вратам на тренинг и на терен со моите соиграчи“, рече Жиру за клупскиот сајт.

Жиру дојде во Челзи во јануари 2018 година, откако претходно шест сезони го носеше дресот на Арсенал. Како играч на Челзи, Жиру одигра 76 меча и даде 21 погодок.

- Оглас -

Најнови вести