Челзи призна уште еден пораз од Барселона на трансфер-пазарот. По Рафиња, Сините извисија и за ангажманот на дефанзивецот Жулс Кунде, откако Севилја ја прифати последната понуда на Каталонците од 60 милиони евра, од кои 10 ќе се исплатат во бонуси.
Сепак, лондонскиот клуб нема да го троши времето на жалење, веќе е испланирана бекап опција, а нова цел на Томас Тухел е Милан Шкрињар. Стоперот на Интер извесно време се поврзуваше со трансфер во ПСЖ, меѓутоа Светците не не потпаднаа на условувањето од Нероаѕурите кои бараа дури 80 милиони евра за Словакот.
Сега Интер е приморан да го продаде Шкрињар бидејќи фудбалерот ги прекина преговорите за нов договор, додека актуелниот му важи до идното лето. За да не го изгубат без отштета, во најскоро време ќе отпочнат преговори со двократниот европски првак.