Ерик Тен Хаг е човекот што го препороди Ајакс, офанзивниот и бескомпромисен стил на игра, без респект кон големците на европскиот фудбал ги плени срцата на фудбалските симпатизери, а и тој речиси сигурно ќе си замине од клубот.
По патот на многу играчи од оваа генерација на мета на големите клубови е и 49-годишниот тренер, а најзагреани се во Челзи.
Маурицио Сари тешко ќе опстане во клубот од „Стемфорд Бриџ“, па Тен Хаг според раководството на Челси би бил идеална замена.
„Знаеме дека за нашиот тренер се интересираат доста клубови. Челзи, Тотенхем, Баерн… се само дел од клубовите што го сакаат Тен Хаг на клупата. Ние сакаме да го задржиме, но да го почекаме крајот на сезоната“, велат од Ајакс.
Ајакс сезонава е хит, има шанса да ја освои и титулата во домашното првенство и во Лигата на шампионите, а Де Лихт, Де Јонг, Нерес, Зијеш, Тадиќ и останатите копјаници блескаат и се најдоа на радарот на многу европски клубови.