Естевао Вилијан е еден од најголемите таленти на бразилскиот фудбал, а рано утрово собори младински рекорд на Нејмар и потврди дека Челзи идното лето ќе добие екстра играч пред кој е светла иднина.
Естевао даде гол со кој ја отвори голеадата и победата над Палмеирас над Жувентуде од 5-3, имаше и асистенција, и тоа беше негово учество во 18 голови на 24 меча во првенството, надминувајќи го бразилскиот рекорд на Нејмар за придонес од малолетни играчи.
Естевао во април ќе наполни 18 години, а во Челзи оди во јули 2025 година. Сините платија 34 милиони евра за него.