Челзи во 92 минута се спаси од елиминација, па се радуваше на пенали

Драма со среќен крај за Челзи на „Стемфорд Бриџ“, откако лондонскиот тим се пласираше во полуфиналето на Карабао Купот. Во драматичен меч, Челзи дури по подобро изведување на пенали, со 4:2 го елиминираше Њукасл.

Во регуларниот дел беше 1:1, а гостите беа тие кои треба да жалат што не се радуваа. Вилсон погоди во 16 минута за водство на Њукасл. Водството на гостите беше се до 90+2 минута, кога Михајло Мудрик израмни на 1:1 и го одведе мечот во нова драма, а тоа е изведување на пенали.

Во пенал-рулетот сите четири изведуваше на Челзи беа прецизни додека двајца од етворицата изведувачи кај гостите промашија, па на крајот се радуваа домашните фанови.

Пенали имаше и на дуелот Евертон – Фулам, а таму гостите се радуваа. Во регуларниот дел дуелот заврши 1:1, а потоа мораа да се изведуваат дури осум серии на пенали, за да на крајот Фулам биде подобар со 7:6.

Во полуфиналето на Лига Купот е и Мидлсбро откако убедливо со 3:0 го победи порт Вејл на гостински терен. Последниот патник во полуфиналето ќе се знае по дуелот меѓу Ливерпул и Вест хем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести