Червар: Ваков меч ретко се гледа, ова е херојство

Селекторот на Хрватска, Лино Червар беше пресреќен за победата над Норвепка и пласманот во финалето на ЕП. Со оваа победа, Коцкестите сигурно ќе освојат медал, а Червар вели дека ова бил еден од најнеизвесните мечеви во неговата богата кариера.

„Немам зборови како да се заблагодарам на играчите. Ова беше херојски меч. Ретко се гледа ваков натпревар. Понеизвесно од дуелот кога станавме светски прваци во Португалија. Не знам што да кажам, 10 години не сум бил во финале. Емоциите се огромни. Многу сум среќен. Играчите ми рекоа дека овој медал е за мене“, вели Червар.

- Оглас -

Најнови вести