Чешка слави, а и нам ни донесе трета позиција

Чешка ја совлада Украина со 23-19, и се пласираше во втората фаза на Европското првенство во ракомет за мажи. Бабак со 6 гола беше најефикасен поединец во чешкиот тим, а Галија имаше 10 одбрани.

Чесите со оваа победа, втора за нив во групата после таа против Македонија, си обезбедија место во Топ 12 во Европа. Нивниот триумф значи и трето место за Македонија во групата, додека Украина останува последна. Ако победеа Украинците, Македонија ќе беше последна во групата.

Вечерва се одиграа уште два меча во кои Шведска беше подобра од Полска со 28-26, а Норвешка убедливо ја победи Португалија со 34-28.

- Оглас -

Најнови вести