Чешки фудбалери исфрлени од репрезентацијата бидејќи биле во ноќен клуб пред одлучувачкиот меч за пласман на ЕП

Тројца чешки фудбалери се исфрлени од репрезентацијата пред клучниот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП 2024 против селекцијата на Молдавија, бидејќи биле во ноќен клуб на помалку од 48 часа пред мечот.

Чешката фудбалска федерација соопшти дека од репрезентацијата се исфрлени Владимир Цоуфал, Јакуб Брабец и Јан Кухта.

„Тие веднаш го напуштија кампот на репрезентацијата“, стои во соопштението.

 

Чешките медиуми објавија дека тројцата фудбалери вчера вечерта биле забележани во ноќен клуб во Оломуц, град во кој Чешка в понеделник ќе игра против Молдавија во последното квалификациско коло за пласман на ЕП 2024.

На овој дуел и е потребен најмалку еден бод за да се пласира на ЕП кое идната година ќе се игра во Германија.

Албанија е прва во групата Е со 14 бода и обезбеден пласман на ЕП, Чешка е втора со 12, Полска има 11, а Молдавија 10 бодови.

- Оглас -

Најнови вести