Чешките Каролини пак играа на гренслем, Мухова повторно ја разочара Плишкова

Чешкото дерби на Австралија опен меѓу двете тенисерки со исто име, Каролина и припадна на помладата Мухова, која повторно ја изненади Плишкова и славеше со 7:5, 7:5.

Мухова ја победи некогашната најдоброрангирана светска тенисерка повторно на голем турнир, откако славеше и во осминафиналето на Вимблдон во 2019 година во епски меч што заврши со нејзина победа од 4:6, 7:5, 13:11, по три часа игра.

Плишкова беше фаворитка, ја надигра Мухова во Мелбурн пред две години, но сега не успеа како шестта носителка да се пласира во осминафиналето на Австралија опен.

Надежите за гренд-слем трофеј пак и пропаднаа, откако на двапати во клучни моменти при резултат од 6:5 за сонародничката го губеше својот сервис. Плишкова направи дури 41 неизнудена грешка на мечот, а во вториот сет прокоцка предност од 5:0 и испадна од турнирот.

Интересно е што досега двете сонароднички од Чешка играа официјални натпревари само на гренд-слем турнирите и Мухова води со 2:1.

За четвртфинале во Мелбурн ќе игра против Елиз Мертенс, која ја победи Белинда Бенчиќ убедливо со 6:2, 6:1.

 

 

- Оглас -

Најнови вести