Интересен и необичен е случајот со фудбалската репрезентација на Чешка, која од осамостојувањето во 1993 година па досега, играла на сите европски првенства (од 1996 наваму), но нема среќа со Мундијалите, верувале или не, играле само на едно Светско првенство и тоа во Германија во 2006 година.
Сега Чесите имаат прилика после 20 години повторно да бидат дел од најголемиот светски фудбал собир, на 31-ви март им треба победа на свој терен против Данска за да се најдат на СП, само 90 минути ги делат од историја. Историја, затоа што првпат како самостојна земја ќе играат на голем настан надвор од Европа.
Генерацијата предводена од Шик, Соучек, Крејчи, Цоуфал, заслужува да биде дел од СП, но мора прво да прескокнат една сериозна пречка која се вика Данска.

