Европските гиганти Манчестер сити, Баерн Минхен, Јувентус и Интер сериозно се заинтересирани и ќе водат голема битка зимава за талентот на Аталанта, Џорџо Скалвини.
Дваесетгодишниот фудбалер потекнува од Академијата на Аталанта и вниманието со одличните игри на клупски, но и на репрезентативен план бидејќи веќе има седум настапи за сениорската селекција на Италија.
Неговата вредност на трансфер-пазарот е 40 милиони евра, но од Аталанта им порачаа на заинтересираните клубови дека ќе мора да платат најмалку 50 милиони евра ако сакаат да го добијат централниот дефанзивец во своите редови.
Минатото лето голем интерес имаше од ПСЖ и Интер, но Аталанта успеа да им одолее на нивните понуди.